Тит 2:9-10
Тит 2:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им; да не крадат, туку во сѐ да покажуваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.
Сподели
Прочитај Тит 2Тит 2:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат. Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.
Сподели
Прочитај Тит 2Тит 2:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат, да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра верност, та да ја украсуваат во сѐ науката на нашиот Спасител, Бога.
Сподели
Прочитај Тит 2