Песна над песните 7:6-12
Песна над песните 7:6-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја – како пурпур; и царот се заплетка во нејзините плетенки. Возљубениот: О, колку си убава, о, колку си заносна, возљубена моја, со твојата убавина! Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови. Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри – како мирис на јаболко; устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат. Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене. Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да ноќеваме во селските колиби
Песна над песните 7:6-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки. Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините! Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови. Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка. Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните. Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене. Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.