Рута 1:1-2
Рута 1:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во моавските полиња, заедно со жена си и двајцата сина. Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Килион: тие беа од родот на Ефрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во моавските полиња и останаа таму.
Рута 1:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во она време кога владееја судиите настана глад во земјата, па од Јудиниот Витлеем еден човек отиде, со својата жена и со своите два сина, да се насели во Моавските Полиња. Тој човек се викаше Елимелех, жена му Ноемина, а двата негови сина: Малон и Хелеон; сите беа Ефратци од Јудиниот Витлеем. Стигнаа во Моавските Полиња и тука се населија.