Римјаните 9:20-21
Римјаните 9:20-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е ракотворено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво? Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба?
Римјаните 9:20-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но кој си па ти, човеку, да Му приговараш на Бог!? Зар ракотворбата ќе му приговори на мајсторот: „Зошто си ме направил ваква?“ Зар грнчарот нема право од иста смеса глина да направи еден сад за благородна, а друг за неблагородна употреба?
Римјаните 9:20-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?“ Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?