Римјаните 9:1-3
Римјаните 9:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас ја кажувам вистината. Му припаѓам на Христос и не лажам. Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестајна болка имам во срцето за мојот народ, за моите сонародници - Евреите. Кога тоа би можело да ги спаси, би се согласил јас да бидам проколнат и откинат од Христос!
Римјаните 9:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух – дека има голема тага и непрестана болка во моето срце. Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело.
Римјаните 9:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зборувам вистина во Христа - не лажам - мојата совест ми сведочи за тоа во Светиот Дух, дека ми е многу жал и дека срцето ме боли непрестано. Имено, би сакал да бидам самиот - како проколнат - одвоен од Христа, за моите браќа, за моите роднини по тело