Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 8:5-17

Римјаните 8:5-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Луѓето што се раководат според својата телесна природа мислат само на телесни работи, додека оние што допуштаат да ги води Божјиот Дух, мислат на духовни работи и се стремат кон нивно остварување. Но раководењето според телесната природа води во смрт, а раководењето според Божјиот Дух донесува живот и мир. Умот што се раководи од телесната природа е непријателски настроен спрема Бог. Тој не му се покорува на Божјиот Закон. Не може да му се покори. Луѓето што се раководат од својата телесна природа не можат да Му угодат на Бог. Но вие не се раководите според телесната природа, туку според водството на Духот, ако во вас навистина живее Божјиот Дух. (Ако некој Го нема во себе Духот на Христос, таквиот човек воопшто и не е христијанин!) Ако, пак, Христос живее во вас, тогаш, навистина, вашето тело ќе мора да умре поради гревот, но вашиот дух ќе живее, затоа што сте оправдани пред Бог. Ако навистина Божјиот Дух, Кој Го воскресна Исуса, сега живее во вас, тогаш Тој Дух ќе ги оживее и вашите смртни тела, онака како што Го воскресна Христос од мртвите. Драги христијани, ние не сме и должници на нашата телесна природа и не сме должни да го извршуваме тоа што таа ни го наложува. Ако дозволите грешната телесна природа да ве води, ќе умрете. Но ако со помош на Божјиот Дух ги совладувате навиките на вашата грешна природа, ќе живеете. Само тие што се раководат според Божјиот Дух, се Божји деца. Впрочем, Духот што Го примивте не ве претвора одново во робови, па и понатаму да се плашите од Бог! Напротив, Тој Дух ве посвои и сега сте Божји деца и на Бог можете да Му се обраќате со „Аба“, што значи „Татко“. Самиот Божји Дух, заедно со нашиот дух, не уверува дека ние навистина сме Божји деца. Ако сме Божји деца, ние сме и Негови наследници, заедно со Христос. Се што Бог Му дава на Својот Син, Христос, е и наше. Па и ако страдаме слично како што страдаше Христос, ќе ја наследиме и славата што ја има Тој!

Римјаните 8:5-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното. Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот – живот и мир. Зашто копнежот на телото е не­при­ја­телство против Бога, тој не му се под­редува на законот Божји затоа што не може. А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога. Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји жи­вее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов. Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас. И затоа, браќа, ние не сме му дол­жници на телото за да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. Сите оние што се управуваат по Ду­хот Божји, се синови Божји; зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го при­мивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“ Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и со­на­следници Христови, но само ако со Не­го страдаме, та со Него и да се прославиме.

Римјаните 8:5-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот. Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир; зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може. Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога. Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов. А ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво заради гревот, а духот е жив заради правдата. Ако навистина во вас живее Духот на Оној, Кој Го воскресна Исуса од мртвите; Оној Кој Го воскресна Христа, ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас. Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!“ Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност