Римјаните 8:29-31
Римјаните 8:29-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа. А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави. Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
Римјаните 8:29-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави. Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас?
Римјаните 8:29-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа. А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави. И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?