Римјаните 8:28-30
Римјаните 8:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели. Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри. А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.
Римјаните 8:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро; зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа. А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
Римјаните 8:28-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера; зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа. А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.