Римјаните 8:22-25
Римјаните 8:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Зашто знаеме дека, се до сега, целиот свет стенка и се грчи од болка, како жена што се породува. Не само светот, туку стенкаме и ние христијаните, кои го имаме Светиот Дух во нас и ги уживаме првите плодови на славата што ќе дојде. И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да ни го даде сето она што како на Негови деца ни следува, вклучувајќи ги тука и новите тела што Бог ни ги вети. Сега кога сме спасени, желно ја очекуваме таа слобода. Тоа значи дека таква слобода се уште немаме. Зошто, инаку, некој би очекувал нешто што веќе го има!? Но, во очекување на она што се уште го немаме, треба трпеливо и со доверба да го очекуваме.
Римјаните 8:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воздивнуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.
Римјаните 8:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и страда во родилни маки досега. И не само тоа, туку и ние, кои го имаме Духот како прв дар; ние самите воздивнуваме во себе чекајќи го посинувањето: откупувањето на нашето тело. Зашто, во оваа надеж ние се спасивме. А надежта која се гледа не е надеж; зашто, кога некој нешто гледа, зошто да му се надева? Но ако се надеваме на она што не го гледаме, тогаш го чекаме со трпение.