Римјаните 8:16-19
Римјаните 8:16-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји. А ако сме, пак, чеда, ние сме и наследници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Божји
Римјаните 8:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Самиот Божји Дух, заедно со нашиот дух, не уверува дека ние навистина сме Божји деца. Ако сме Божји деца, ние сме и Негови наследници, заедно со Христос. Се што Бог Му дава на Својот Син, Христос, е и наше. Па и ако страдаме слично како што страдаше Христос, ќе ја наследиме и славата што ја има Тој! Јас мислам дека страдањата низ кои сега минуваме не можат ни да се споредат со славата што потоа ќе ни биде дадена. Се што е создадено со нетрпение го чека денот кога Бог ќе објави кои се Неговите вистински деца.
Римјаните 8:16-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме. Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам. Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови