Римјаните 8:12-15
Римјаните 8:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји; зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“
Римјаните 8:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги христијани, ние не сме и должници на нашата телесна природа и не сме должни да го извршуваме тоа што таа ни го наложува. Ако дозволите грешната телесна природа да ве води, ќе умрете. Но ако со помош на Божјиот Дух ги совладувате навиките на вашата грешна природа, ќе живеете. Само тие што се раководат според Божјиот Дух, се Божји деца. Впрочем, Духот што Го примивте не ве претвора одново во робови, па и понатаму да се плашите од Бог! Напротив, Тој Дух ве посвои и сега сте Божји деца и на Бог можете да Му се обраќате со „Аба“, што значи „Татко“.
Римјаните 8:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи. Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји; зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“
Римјаните 8:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!“