Римјаните 8:1-3
Римјаните 8:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа тие што се под закрила на Исус Христос нема да бидат осудени, бидејќи со посредство на Исус Христос, силата на животодавниот Дух ве ослободи од силата на гревот, која води во смрт. Мојсеевиот Закон не можеше да не спаси, поради грешната човекова природа. Но тоа што не можеше да го стори Законот, го направи Бог. Тој Го испрати Својот Син во тело слично на грешните човечки тела. Жртвувајќи Го Својот Син за нашите гревови, Бог ја уништи власта што гревот ја имаше во нас.
Римјаните 8:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос. Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото
Римјаните 8:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот. Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта. Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото