Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 7:14-25

Римјаните 7:14-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Очигледно е дека Законот е духовен, добар, но јас сум човек од крв и месо, продаден како роб на гревот. Сам себеси не можам да се разберам. Не го правам тоа што го сакам, туку она што го мразам. Со самото тоа што ме гризе совеста кога правам грев, јас се согласувам со Божјиот Закон и потврдувам дека тој е добар, но, не успевам да се противставам, бидејќи гревот е во мене и ме тера да грешам. Свесен сум дека во мене, односно во моето тело, нема сили за ништо добро. Желба за добро има во мене, но не и сила да го извршам. Не го правам тоа што е добро, како што би сакал, туку го правам она што не го сакам, она што е грешно. Но штом не го сакам она што го правам, не сум веќе јас тој што го прави тоа, туку гревот што живее во мене. Сфатив дека по правило вака испаѓа, кога сакам да постапам добро, ми се наметнува грешното и тоа го правам. Длабоко во себе јас му се восхитувам на Божјиот Закон, но во моето тело гледам еден друг закон, кој војува против Законот во мојот ум. Тој закон успева да ја добие битката и ме држи заробен од гревот, кој е тука, во моето тело. Сфатив дека сум наполно беспомошен! Кој ќе ме избави од ова тело што ме води во смрт!? Одговорот е: тоа ќе го стори Исус Христос, нашиот Господ. Неизмерно сум Му благодарен на Бог за тоа! Така, од една страна, со својот ум сакам да живеам според Божјиот Закон, а од друга страна, со мојата грешна природа, му робувам на законот на гревот.

Римјаните 7:14-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Зашто знаеме дека Законот е ду­хо­вен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, ту­ку она што го мразам, тоа го правам. Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар. Значи, тоа веќе не го правам јас, ту­ку гревот, што живее во мене. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа. Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам. А штом го вршам она што не го са­кам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене. И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу. Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во грево­в­ниот закон, кој е во моите органи. Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта? Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревов­ниот закон.

Римјаните 7:14-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев. Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам. Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар. Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа, зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон, но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело! Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност