Римјаните 7:1-3
Римјаните 7:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги христијани! Овие зборови им ги упатувам на поборниците на Мојсеевиот Закон. Не знаете ли дека кој и да е закон има моќ над луѓето само додека се живи? На пример, омажената жена е со закон врзана за својот сопруг, додека е тој жив. Ако тој умре, таа е ослободена од законската обврска. Кога таа би заживеала со друг маж, додека нејзиниот сопруг е се уште жив, таа би била сметана за прељубница. Но ако сопругот и умре, таа е ослободена од законската обврска, и ако се омажи за друг човек, нема да биде сметана за прељубница.
Римјаните 7:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Или, пак, не знаете, браќа, – им зборувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив? Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот. Затоа, ако се омажи за друг маж, додека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
Римјаните 7:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Или не знаете ли, браќа - им зборувам на оние, кои го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е жив? Така, омажената жена преку закон е врзана за мажот, додека е тој жив; но ако мажот умре, слободна е од законот, што ја сврзал со мажот. Според тоа, ако му стане жена на друг, додека нејзиниот маж живее, ќе биде прељубница; но ако мажот ѝ умре, слободна е од законот, и не е прељубница, ако се омажи за друг.