Римјаните 6:5-7
Римјаните 6:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако на ваков начин се придруживме во Христовата смрт, ќе воскреснеме и ние како што воскресна Тој. Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот и умре заедно со Исус, за да му се одземе силата на гревот во нас. Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот. Гревот не може да владее со мртов човек!
Римјаните 6:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението, знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот; бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.
Римјаните 6:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот, зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.