Римјаните 6:12-15
Римјаните 6:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, не дозволувајте му веќе на гревот да владее со вашето смртно тело и не покорувајте им се на неговите грешни похоти! Не дозволувајте ниеден дел од вашето тело да стане орудие на неправедноста и да биде во служба на гревот. Предајте Му се на Бог, затоа што животот што сега го имате ви е подарок од Него. Секој дел од вашето тело нека стане орудие на праведноста и нека биде во служба на Бог. Тогаш гревот не ќе може да владее со вас, затоа што вие веќе не сте му потчинети на Законот, кој би ве подјармил под гревот, туку сте под Божјата благонаклоност, која ве ослободи од Законот. Што значи тоа? Смееме ли ние да продолжиме да грешиме, заради тоа што Божјата благонаклоност не ослободи од потчинетоста под Законот? Никако!
Римјаните 6:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади! Не препуштајте му ги на гревот вашите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото како орудија на праведноста. Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!
Римјаните 6:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби! И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата! Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!