Римјаните 5:17-19
Римјаните 5:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако смртта завладеа преку престапот на само еден човек, колку повеќе оние што ја примиле Божјата изобилна благонаклоност и подарената праведност ќе завладеат со животот во полна сила, повторно по заслуга на еден единствен човек, Исус Христос. Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку едно праведно дело дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе. Како што преку непослушноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку послушноста на еден човек многумина ќе станат праведници.
Римјаните 5:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку едниот, дотолку повеќе оние, што го примија изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос. И така, како што преку еден престап дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни.
Римјаните 5:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, ако смртта зацари, заради престапувањето на еден; тоа многу повеќе оние - кои примаат изобилство на благодатта и дар на правдата - ќе царуваат во животот преку Едниот - Исус Христос. И така, како што преку еден престап дојде осудување на сите луѓе, така и преку едно праведно дело дојде за сите луѓе оправданието, што донесува живот; зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни.