Римјаните 14:10-13
Римјаните 14:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред судот Христов. Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“ И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе. Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна.
Римјаните 14:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш, зошто ги критикувате другите христијани? Зошто дури и ги презирате? Не заборавајте дека секој од нас ќе застане пред Божјиот судски престол! Во Светото Писмо, Господ вели: „Во Себе се колнам, бидејќи Сум вечно жив, дека секое колено пред Мене ќе клекне, секој јазик на Бог ќе Му се исповеда!“ Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.
Римјаните 14:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Христовиот судски престол, зашто е напишано: „Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.“ И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе. Затоа, да не се осудуваме веќе еден друг, туку подобро да мислиме за тоа: никој да не поставува пред братот сопки или соблазни!