Римјаните 13:8-10
Римјаните 13:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Немојте никому да му бидете должници. Единствената постојана должност нека ви биде да се сакате еден со друг, зашто оној што ги сака другите луѓе, го исполнува Божјиот Закон. Заповедите: „Не врши прељуба! Не убивај! Не кради! Не завидувај!“, и сите други заповеди се содржани во заповедта: „Сакај ги другите луѓе како што се сакаш себеси!“ Ако некого сакаш, нема да му нанесуваш зло. Затоа, ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Божјиот Закон.
Римјаните 13:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот. Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“ Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
Римјаните 13:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот. Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!“ - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!“ Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.