Римјаните 13:1-2
Римјаните 13:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет.
Сподели
Прочитај Римјаните 13Римјаните 13:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога. Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда.
Сподели
Прочитај Римјаните 13Римјаните 13:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени. Затоа оној, кој ѝ се противи на власта, ѝ се противи на Божјата наредба; а кои ѝ се противат, ќе ја примат својата осуда.
Сподели
Прочитај Римјаните 13