Римјаните 12:8-9
Римјаните 12:8-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
ако е надарен да ги охрабрува луѓето, нека го прави тоа. Ако е некој дарежлив, нека дава штедро. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост. Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро.
Римјаните 12:8-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело! Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!
Римјаните 12:8-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја. Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто.