Римјаните 12:5-8
Римјаните 12:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг. Бидејќи Бог ни беше благонаклонет, на секој од нас му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува согласно со верата што ја има. Ако е некој надарен да служи, нека служи; ако е надарен да поучува, нека поучува; ако е надарен да ги охрабрува луѓето, нека го прави тоа. Ако е некој дарежлив, нека дава штедро. Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее. Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.
Римјаните 12:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата; ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува! Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.
Римјаните 12:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг. И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата! Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува! Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!