Римјаните 12:3-6
Римјаните 12:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како Божји гласник, избран врз основа на Неговата благонаклоност, на секој од вас му порачувам дека за себе не треба да има повисоко мислење одошто заслужува. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност според големината на верата што Бог ви ја дал. Како што ние во своето тело имаме многу органи и секој орган си има своја улога, така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг. Бидејќи Бог ни беше благонаклонет, на секој од нас му даде различни дарби. Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува согласно со верата што ја има.
Римјаните 12:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил. Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не дејствуваат на еднаков начин, така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата
Римјаните 12:3-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому. Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба, така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг. И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата!