Римјаните 12:19-21
Римјаните 12:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели: “Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе возвратам!“ А ти, напротив, постапувај според учењето на Светото Писмо кое вели: “Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, дај му да пие. Така ќе го засрамиш, како со вжарени гламни да си му ја посипал главата.“ Не дозволувајте злото да ве надвладее, туку вие надвладувајте го злото со добро.
Римјаните 12:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“ И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.
Римјаните 12:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.“ Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.“ Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!