Римјаните 12:18-19
Римјаните 12:18-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе. Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели: “Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе возвратам!“
Римјаните 12:18-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“
Римјаните 12:18-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.“