Римјаните 11:33-36
Римјаните 11:33-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
О колкава длабочина и богатство има во мудроста и знаењето на Бог! Колку тешко можеме да ги сфатиме Неговите одлуки и начинот на кој Тој дејствува! „Кој може да знае што мисли Господ? Кој има толкаво знаење за да Му биде советник?“ „Кој Нему нешто Му дал, па да очекува да му биде вратено?“ Се доаѓа од Него и се се одржува во живот преку Него. Се е Негово. Нему нека Му е слава во вечни времиња! Амин.
Римјаните 11:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта! Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник? Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено? Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!
Римјаните 11:33-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О длабочино на богатството, премудроста и Божјото знаење! Колку се недостижни Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Зашто кој ја запознал Господовата мисла? Или кој Му бил советник? Или кој Му дал нешто однапред, за да му биде вратено?“ Зашто сѐ е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во векови. Амин!