Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 11:25-32

Римјаните 11:25-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги пријатели христијани, сакам да ја разберете оваа тајна, за да не ве фати горделивост, па да почнете да се фалите дека сте многу мудри! Тврдоглавоста на дел од Израелците ќе трае се додека не се пополни бројот од другите народи што ќе дојдат кај Христос. Тогаш сите Израелци ќе бидат спасени, како што е напишано во Светото Писмо: „Избавителот ќе дојде од Ерусалим и ќе ги обрати Израелците од сета нивна безбожност. Така Јас ќе го исполнам Мојот завет спрема нив и ќе ги отстранам нивните гревови.“ Поголемиот број од Израелците се непријатели на Радосната вест, но тоа испадна за ваша полза, вие да ја слушнете Радосната вест. Но тие се сепак одбран народ и Бог ги сака заради нивните предци. А Бог не си ги зема назад даровите што ги дал, и кога некого ќе одбере, не се предомислува. Порано и вие Му бевте непослушни на Бог. Но откако Евреите ја одбија милоста што Бог им ја понуди, Тој ја пренасочи Својата милост кон вас. Сега, кога тие Му се непослушни на Бог, Тој ја насочува Својата милост спрема вас. Но, еден ден и тие ќе учествуваат во Божјата милост. За извесно време Бог ги остава сите луѓе во затворот на нивната непослушност, за потоа спрема сите да покаже милост.

Римјаните 11:25-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците. И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“ Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците, зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи. Како што и вие некогаш бевте не­послушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослуш­ност, така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост. Зашто Бог ги затвори сите со не­послушност, па кон сите да покаже ми­лост.

Римјаните 11:25-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Не сакам, браќа, да ви остане непозната оваа тајна, за да не мудрувате по своја мудрост: еден дел на Израел закораве, додека народите не влезат во полн број. И така, целиот Израел ќе се спаси, како што е напишано: „Избавителот ќе дојде од Сион; ќе ја одврати безбожноста од Јакова. И ова им е Завет од Мене кон нив, кога ќе им ги отстранам гревовите.“ Со оглед на Евангелието, тие се непријатели заради вас, но по изборот возљубени се, заради татковците. Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето. Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство, така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани. Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.