Римјаните 1:18-20
Римјаните 1:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог го излева Својот гнев од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што ја отфрлаат вистината, затоа што тие го имаат неопходното знаење за Бог, Кој кај сите нас го има всадено тоа знаење. Она што кај Бог е невидливо, имено Неговата вечна моќ и божествена природа, можат јасно да се согледаат уште од создавањето на светот и да се разберат преку се што е создадено. Затоа нема оправдување за оние што немаат почит спрема Бог.
Римјаните 1:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда. Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил. И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат изговор.
Римјаните 1:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.