Римјаните 1:1-6
Римјаните 1:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Павле, во служба на Исус Христос, повикан од Бог да бидам Негов апостол и да се посветам на проповедање на Радосната вест. Таа Радосна вест Бог уште одамна ја вети, преку Своите пророци во Светите писма. Радосната вест зборува за Неговиот Син. Тој според Својата човечка природа беше потомок на царот Давид. Што се однесува до Неговата божествена светост, огромна сила потврди дека Тој е Божјиот Син кога Бог Го воскресна од мртвите. Тоа е Исус Христос, нашиот Господ. Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи да веруваат во Бог и да Му бидат послушни. Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие
Римјаните 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Павле, слуга на Исус Христос, повикан за апостол, издвоен за Евангелието Божјо, кое Бог однапред го беше ветил преку пророците, во Светите Писма, за Својот Син, по тело роден од семето Давидово, одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресението од мртвите, Исус Христос, нашиот Господ. Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на послушност кон верата меѓу сите народи во Негово име, меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос.
Римјаните 1:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Павле, слуга на Исуса Христа, повикан за апостол, одделен за Евангелието од Бога, кое Тој го вети однапред преку Своите пророци во Светите писма, а кое зборува за Неговиот Син, по тело роден од Давидовото семе, по Духот на осветувањето посведочен за Божји Син во сила - преку воскресението од мртвите - Исус Христос, нашиот Господ; преку Кого добивме благодат и апостолство, за да ги приведеме сите народи, кон послушноста на верата, заради Името Негово, меѓу кои сте и вие повикани од Исуса Христа