Откровение 7:9-10
Откровение 7:9-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа погледнав и наеднаш пред мене се појави множество народ, кое никој не можеше да го изброи. Имаше луѓе од секоја раса, од секое племе, народ и јазик. Тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете, и на цел глас пееја: “Спасението е дело на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“
Откровение 7:9-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“
Откровение 7:9-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Потоа видов, и ете: големо множество народ - што никој не можеше да го изброи - од сите народности и племиња и народи и јазици, како стојат пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки, со палмини гранчиња во своите раце, и воскликнуваа со голем глас: „Спасение на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“