Откровение 6:8
Откровение 6:8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Наеднаш пред мене се појави сиво-зелен коњ. Коњаникот што јаваше на сиво-зелениот коњ се викаше ,Смрт‘, а во негова придружба беше Адот. Ним им беше дадена власт над една четвртина од Земјата, за да убиваат со меч, со глад, преку болести и преку диви ѕверови.
Сподели
Прочитај Откровение 6Откровение 6:8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.
Сподели
Прочитај Откровение 6Откровение 6:8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата.
Сподели
Прочитај Откровение 6