Откровение 5:8-11
Откровение 5:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Јагнето ја зеде Книгата, четирите суштества и дваесет и четирите старешини паднаа ничкум пред Него. Секој од нив во рацете имаше харфа и златен пехар полн со запален темјан, што ги претставуваше молитвите на Божјите луѓе. Тие пееја нова песна со следниве зборови: ,Ти Си достоен да ја земеш Книгата, да ги скршиш нејзините печати и да ја отвориш, зашто Ти беше убиен и со Својата крв откупи за Бог луѓе од сите племиња, јазици, народи и раси. Нив ги направи Божјо царство и Негови свештеници кои ќе владеат на Земјата.“ Во моето видение понатаму чув песни од многубројни ангели собрани околу престолот, околу четирите суштества и околу старешините. Бројот на ангелите беше многу милиони
Откровение 5:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите; и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе, и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“ Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони
Откровение 5:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога го зеде свитокот, четирите живи суштества и дваесет и четирите старешини паднаа пред Јагнето, и секој имаше китара и златни чаши, полни со темјан, а тоа се молитвите на светите. И пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да го земеш книжниот свиток и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и зашто со Својата крв ги откупи за Бога од секое племе и јазик и народ и народност, и ги направи на нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата. И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, и живите суштества, и старешините, и нивниот број беше бесконечно голем со илјади илјадници