Откровение 5:5-6
Откровение 5:5-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш еден од старешините ми рече: „Не плачи! Еве Го Победникот - Лавот од племето на Јуда, Давидовиот Потомок - Тој ќе ги скрши печатите и ќе ја отвори Книгата!“ Тогаш погледнав и Го видов Јагнето. Стоеше сред престолот, опкружено со четирите суштества и со дваесет и четирите старешини. Јагнето имаше лузна како некогаш да било заклано. Имаше седум рогови и седум очи, кои Го претставуваа седумкратниот Божји Дух испратен по целата Земја.
Откровение 5:5-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И еден од старешините ми рече: „Не плачи, ете, победи Лавот од Јудиното племе, Давидовиот корен, па може да го отвори свитокот и да ги одврзе неговите седум печати. Видов, и ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините: Јагне, што стои како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја.
Откровение 5:5-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!“ Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со седумте рога и седумте очи, кои се седумте духови Божји, пратени по целиот свет.