Откровение 4:9-11
Откровение 4:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Секојпат кога четирите суштества Му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној што седеше на престолот - на Вечно Живиот - во истиот миг дваесет и четирите старешини паѓаа ничкум и Му се поклонуваа на Вечно Живиот, положувајќи ги своите венци пред престолот и говорејќи: „Достоен Си, Господе и Боже наш, да примиш слава, чест и власт, зашто Ти си Творецот на се, и се што постои, Тебе Ти го должи своето постоење и создавање!“
Откровение 4:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи: „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“
Откровение 4:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога живите суштества му воздаваат слава и чест и благодарност на Оној, Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови, дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи: “Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и заради Твојата волја суштествува сѐ и е создадено.“