Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 4:6-11

Откровение 4:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

пред престолот, пак, имаше стакле­но море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет. Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“ А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, дваесет и четирите старешини па­ѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред прес­то­лот, велејќи: „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“

Откровение 4:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Исто така, пред престолот се простираше нешто што прилегаше на стаклено море, бистро како кристал. Околу централниот престол имаше четири живи суштества полни со очи и однапред и одназад. Првото суштество беше како лав, второто како јунец, третото со лице на човек, а четвртото беше како орел во лет. Секое суштество имаше по шест крилја, и беа полни со очи и однадвор и однатре. Овие суштества деноноќно и без прекин викаат: “Свет е, свет е, свет е Господ, Семоќниот Бог, Кој отсекогаш постоел, постои и ќе дојде!“ Секојпат кога четирите суштества Му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној што седеше на престолот - на Вечно Живиот - во истиот миг дваесет и четирите старешини паѓаа ничкум и Му се поклонуваа на Вечно Живиот, положувајќи ги своите венци пред престолот и говорејќи: „Достоен Си, Господе и Боже наш, да примиш слава, чест и власт, зашто Ти си Творецот на се, и се што постои, Тебе Ти го должи своето постоење и создавање!“

Откровение 4:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И пред престолот како стаклено море, слично на кристал; а меѓу престолот и околу, четири живи суштества, полни со очи и однапред и одназад. Првото живо суштество личеше на лав; а второто живо суштество на јунец; третото живо суштество имаше лице како на човек; а четвртото живо суштество личеше на орел, што лета. И секое од четирите живи суштества имаше по шест крила, полни со очи наоколу и одвнатре; и немаат починка ни дење ни ноќе, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Сѐмоќниот, Кој беше и Кој е и Кој иде.“ И кога живите суштества му воздаваат слава и чест и благодарност на Оној, Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови, дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи: “Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и заради Твојата волја суштествува сѐ и е создадено.“