Откровение 3:20-22
Откровение 3:20-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели. Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол. Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
Откровение 3:20-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. На оној што победува, ќе му дозволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.
Откровение 3:20-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!“