Откровение 3:18-19
Откровение 3:18-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ве советувам од Мене да си купите злато во оган пречистено, та да се збогатите; и бели облеки, за да си ја покриете голотијата; и маст за очите, за да прогледате! Јас ги укорувам и ги дисциплинирам сите што ги љубам. Затоа, бидете решителни и покајте се!
Откровение 3:18-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.
Откровение 3:18-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш. Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!