Откровение 3:14-18
Откровение 3:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„До гласникот на црквата во Лаодикеја напиши го следново: Ова ви го порачува Тој што е Амин, Верниот Сведок на вистината, Зачетникот на Божјите созданија: Вашите дела ми се познати! Вие не сте ни студени ни жешки! Барем да бевте или студени или жешки! Вака, бидејќи не сте ни жешки ни студени, туку сте млаки - ќе ве изблујам од Мојата уста! Вие велите: ,Богати сме, си имаме напластено големи богатства и ништо не ни треба!‘ Но вие не сте свесни дека сте за жалење: мизерни, бедни, слепи и голи! Ве советувам од Мене да си купите злато во оган пречистено, та да се збогатите; и бели облеки, за да си ја покриете голотијата; и маст за очите, за да прогледате!
Откровение 3:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И на ангелот на Лаодикиската црква напиши му: ова го вели Амин, Верниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание: ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја! Зашто велиш: „Богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.
Откровение 3:14-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание: ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел! Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол. Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.