Откровение 21:5-7
Откровение 21:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Оној што седеше на престолот рече: „Еве, се создавам одново. Запиши го тоа што го реков, зашто овие зборови сигурно ќе се остварат!“ Потоа ми рече: „Завршено е! Јас Сум Алфа и Омега, Зачетникот и Завршителот. На секој што е жеден, Јас ќе му подарам вода од изворот на животодавната вода. На сите победници ќе им дадам да ги наследат сите благослови и Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе ми бидат деца.
Откровение 21:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“ Потоа ми рече: „Се сврши! Јас (сум) Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
Откровение 21:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сѐ ново.“ Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!“ И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот. Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.