Откровение 21:22-26
Откровение 21:22-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм. И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето. И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест. А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ. И ќе ја внесат во него славата и честа на народите
Откровение 21:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во градот не видов храм. Семоќниот Господ Бог и Јагнето беа храм. На градот не му беа потребни ни Сонце ни Месечина за да го расветлуваат, зашто Божјата слава го осветлуваше и Јагнето му беше Светилка. Народите ќе одат по неговата светлина, а земните цареви ќе ја предадат тука својата слава. Портите на градот ќе бидат постојано отворени, зашто таму секогаш е ден, и ноќи нема да има. Сите народи ќе ги донесат славата и почестите во градот.
Откровение 21:22-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сѐмоќниот, и Јагнето. И на градот не му е потребно сонцето, ниту месечината, за да му светат, зашто Божјата слава го осветлува, а Јагнето му е светилник. И народите на оние кои се спасени ќе одат во неговата светлина, и земните цареви ќе ја донесат својата слава во него. И нејзините порти нема да се затвораат дење, зашто не ќе има ноќ таму. И славата и честа на народите ќе бидат донесени во него.