Откровение 20:13-14
Откровение 20:13-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Морето ги предаде луѓето загинати во него, а и Смртта и Адот ги предадоа умрените луѓе што тие ги држеа. На сите луѓе им беше судено според нивните дела. А потоа, Смртта и Адот беа фрлени во Огненото Езеро. Огненото Езеро е втората смрт.
Сподели
Прочитај Откровение 20Откровение 20:13-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.
Сподели
Прочитај Откровение 20Откровение 20:13-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела. И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро.
Сподели
Прочитај Откровение 20