Откровение 19:6-8
Откровение 19:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа чув гласови од многуброен народ - звук како од бучава на силни води и како татнеж од громови; тие говореа: „Слава на Бога! Господ, нашиот Семоќен Бог ја презеде власта! Да се радуваме, да се веселиме и да Му благодариме на Бог, зашто дојде свадбата на Јагнето и Невестата е подготвена! Нејзе ќе и се даде свадбена руба од чисто и светло ленено платно, кое ги претставува праведните дела на Божјите свети луѓе.“
Откровение 19:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот! Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви! И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.
Откровение 19:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И чув како глас од големо множество, и како шум на големи води, и како глас на силни громови, кои велат: „Алилуја! зашто се зацари нашиот Господ Бог - Сѐмоќниот! Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, зашто дојде Јагнетовата свадба и Неговата жена се приготви, ѝ беше дадено да се облече во светло и чисто ленено платно; имено, платното, тоа се праведните дела на светите.