Псалми 96:3-8
Псалми 96:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови; зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите богови. Бидејќи сите богови на незнабошците се идоли, а Господ ги создаде небесата. Слава и величие се пред лицето Негово, сила и великолепие – во светилиштето Негово. Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест; воздајте Му на Господ слава на името Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови
Псалми 96:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови! Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата! Пред него се: славата и величието, силата и красотата во Неговото Светилиште. Дајте Му на Господа, племиња на народите, дајте Му на Господа, слава и сила! Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име! Принесете жртви и влезете во Неговите дворови