Псалми 96:11-13
Псалми 96:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Нека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува; нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите, пред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.
Сподели
Прочитај Псалми 96Псалми 96:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него! Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја, пред Господа, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе му суди на светот со правда и на народите според Својата вистина.
Сподели
Прочитај Псалми 96