Псалми 96:1-4
Псалми 96:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Запејте Му на Господ песна нова, запеј Му на Господ, цела Земјо! Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него; разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови; зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите богови.
Сподели
Прочитај Псалми 96Псалми 96:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пејте Му на Господа нова песна! Пеј Му на Господа цела земјо! Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение, кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови!
Сподели
Прочитај Псалми 96