Псалми 89:1-4
Псалми 89:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Милоста Твоја, Господи, вечно ќе ја воспевам, од род во род ќе ја разгласувам со устата своја Твојата вистина. Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата верност. „Јас поставив завет со Моите избраници, му се заколнав на Мојот слуга Давид: за вечност ќе го одржувам твоето потомство, од род во род и ќе го утврдувам твојот престол.“
Сподели
Прочитај Псалми 89Псалми 89:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
За Господовата љубов ќе пеам довека, Твојата вистина ќе ја проповедам низ сите поколенија. Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!“ Својата вистина ја втемели на небото: „Склучив Завет со Својот избраник, Му се заколнав на Својот слуга Давид: ќе го утврдам Твоето потомство довека, ќе го создадам твојот престол за сите родови.“
Сподели
Прочитај Псалми 89