Псалми 88:1-5
Псалми 88:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Господи, Боже на моето спасение, дење Те повикувам и ноќе сум пред Тебе: за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи, зашто душата моја е полна со јад и животот ми се приближи до адот. Се изедначив со оние што слегуваат во гроб; станав како немоќен човек, како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веќе не се сеќаваш; тие се оттурнати од Твојата рака.
Псалми 88:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господи, Боже на моето спасение, дење викам, а ноќе тажам пред Тебе. Нека стигне мојата молитва до Тебе, приклони го Своето уво кон мојот повик. Зашто мојата душа е наситена од страдања, мојот живот наближува кон Подземјето. Ме вбројуваат кон оние, што слегуваат во гроб, станав сличен на немоќниот. Моето легло е меѓу мртвите, како убиените што лежат во гробот, за кои веќе не се сеќаваш, од кои ја тргна раката.