Псалми 73:21-26
Псалми 73:21-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога душата ми беше огорчена, кога се јадосував однатре, безумен бев и не разбирав, како добиче бев пред Тебе. Но јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја, ме водиш со советот Свој и ќе ме примиш во Твојата слава. Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо друго не барам. Може да изнемошти срцето мое и телото мое; но Бог е сила на срцето мое и наследството мое.
Псалми 73:21-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога мојата душа беше јадосана, а бубрезите прободени, Бев безумник без разбирање, како животинче пред Тебе. Но отсега секогаш ќе бидам со Тебе, зашто Ти ја прифати мојата десница: ќе ме водиш според Твојот совет, за да ме земеш потоа во Својата слава. Кого имам јас на небо, освен Тебе? Кога сум со Тебе, ништо не сакам на земјата. Премалени ми се телото и срцето: Стено на моето срце, и мое наследство, о Боже, довека!