Псалми 63:1-6
Псалми 63:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Боже, Ти си мојот Бог, Тебе Те барам; за Тебе зажедне душата моја. За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна! И така со поглед Те барав во светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам
Псалми 63:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О Боже, Ти си мој Бог: горливо Те барам Тебе; Мојата душа жеднее по Тебе, моето тело копнее по Тебе, како сува, жедна и безводна земја. Те согледував Тебе во Светилиштето, гледајќи Ти ја славата и силата. Твојата љубов е подобра од животот, моите усни ќе Те слават. Така ќе Те благословувам додека сум жив, во Твое име ќе ги кревам рацете. Мојата душа ќе биде сита како од сало и масло, ќе Те фалам со радосни усни. Си спомнувам за Тебе, во постелата, размислувам за Тебе во ноќните бдеења.