Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 51:1-13

Псалми 51:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене. Против Тебе, само против Тебе згре­шив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш. Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми. Ти ја сакаш вистината во срцето, и внатре во мене ме учиш на мудроста Твоја. Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби. Одврати го лицето Свое од грево­вите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене. Тогаш ќе ги научам престапниците да одат по Твоите патишта, и греш­ниците кон Тебе ќе се обраќаат.

Псалми 51:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Смили ми се Боже, според Твоето милосрдие, според големите помилувања избриши го моето беззаконие! Измиј ме целиот од мојата вина, очисти ме од мојот грев. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене. Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување. Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка. Ете, Ти љубиш искрено срце, ме учиш на мудрост во длабочината на душата. Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот! Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски! Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие! Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене! Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене! Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух! Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и грешниците ќе Ти се обратуваат.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност